Брендот за брза храна McDonald’s слави 21 година од воведувањето на сладоледот McFlurry во своето мени низ рестораните во Велика Британија.
По тој повод, брендот постави едноставен билборд во Лондон кој на случајните минувачи им дели бесплатен сладолед McFlurry.
Билбордот е инспириран од „драјв-тру“ рестораните за подигнувње нарачки со автомобили, но адаптиран во форма на „валк-тру“ наменет за пешаци. Инетарктивниот билборд е поставен во висина на просечен човек, со прозорче од кое вработени на McDonald’s делат бесплатен сладолед.
Бидејќи билбордот е вклучен во пошироката кампања “Fancy a McDonald’s?” („Сакате еден McDonald’s?“), не него стои натписот “Fancy a moment to just enjoy?” („Сакате еден момент да уживате?“).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett.