Пред една недела, платформата за премиум содржини Only Fans најави дека од 1 октомври ќе ги забрани сите сексуално експлицитни содржини. Меѓутоа, ваквата одлука не наиде на одобрување кај мнозинството од 130 милиони корисници на платформата, повеќето од нив присутни таму токму поради таквите содржини.
Соочувајќи се со крах во бројот на корисници, Only Fans се премисли и соопшти дека ја повлекува одлуката за забрана на експлицитни содржини.
„Ги обезбедивме неопходните гаранции за поддршка на нашата разновидна заедница на креатори на содржини и ја суспендиравме планираната промена на политиката од 1 октомври“, посочија од компанијата.
Со оглед на тоа што првичниот план за забрана дошол како барање од финансисите партнери на платформата, се чини дека двете страни најдоа заеднички договор за OnlyFans и нивните корисници да продолжат со работа како и досега.