По успешноста која „приказните“ или т.н. „сториња“ ја имаа на Снепчет и Инстаграм, скоро секоја социјална платформа во светот сакаше да ги имплементира и кај себе. Ништо поразлично не беше ни со LinkedIn и Twitter, кои своите сториња ги лансираа минатата есен (референца 1 и референца 2).
Меѓутоа, како што покажа праксата, не сите социјални мрежи се „измислени“ и погодни за „сториња“. Така, пред два месеци Твитер се реши да ги повлече, а сега, нецела година по лансирањето, нив ги повлекува и LinkedIn.
Целта на „сторињата“ според LinkedIn, беше да воведат доза на неформалност во оваа крајно формална професионална мрежа, па се покажа дека луѓетo и не сакаат баш да мешаат многу формалност со неформалност.
Постарата директорка за производи во LinkedIn, Лиз Ли, посочи дека компанијата ќе го искористи искуството и поуките од „приказните“ за да создаде и лансира ново видео-искуство за своите корисници, овој пат во форма на трајни видеа кои ќе „живеат“ на нивните профили.
Останува да видиме каков ќе биде тој производ и како ќе се покаже меѓу коисниците.