Денеска е последниот ден од интернационалниот адвертајзинг фестивал Голден Драм 2014, кој традиционално секоја година се оддржува во Порторож, Словенија.
Вечерва ќе се одржи финалната наградна церемонија на Голден Драм на која ќе бидат познати победниците уште во 8 категории (Film, Press, Outdoor, Direct communication, Design of Brand & Corporate Identity, Innovative campaigns, Media и Integrated communication campaigns) каде Македонија има финалисти во две категории, Публицис во категоријата Media и Њу Момент во категоријата Direct Communications.
Се надеваме дека во Македонија ќе биде донесена уште некоја сјајна статуетка после одличниот успех на Публицис Скопје на вториот ден од фестивалот за кој ексклузивно известивме завчера.
Покрај наградите по категории ќе бидат врачени и неколку специјални награди како:
Golden Rose Award – за агенцијата која ќе добие најмногу поени на целиот фестивал.
Tartini Award – за најуспешната независна агенција со најмногу поени.
Golden Net Award – за најуспешната агенциска мрежа.
Brand Grand Prix Award – за брендот кој ќе добие најмногу поени. и
Good Cause Grand Prix – за најуспешниот добротворен проект
Исто така и на најуспешниот креативен директор на фестивалот ќе му биде врачена награта Golden Watch.