Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија, од денес започнува со спроведување на анкета/истражување за големината на пазарот за дигитално огласување во Македонија.
Анкетата/истражувањето ги опфаќа сите веб портали и маркетинг агенции со цел да се добијат прецизни податоци за распределбата на буџетите за дигитално огласување.
Се замолуваат сите заинтересирани за учество во ова истражување да се обратат до ИАБ Македoнија на е-поштата: info@iab.mk или пак, да пополнат еден од двата прашалници, во зависност од дејноста:
- Доколку ста маркетинг или дигитална Агенција кликнете овде
- Доколку сте веб портал кликнете на овој линк
Иако најголемиот број на дејности се соочуваат со пад на учинокот како последица од пандемијата, дигиталното огласување го доживува својот врв.
Според извештајот на водечката асоцијација за дигитално огласување во Европа IAB Europe, дигиталното огласување, во опфатените земји со истражувањето, во 2020 година покажало раст од 6,3 проценти, притоа достигнувајќи пазарна вредност од 63 милијарди евра. Повеќе за истражувањето и извештајот на ИАБ Европа на следниот линк: https://www.iab.mk/era-na-digitalno-oglasuvane-so-rast-od-6-3-vo-2020/