Друштвото за односи со јавност на Србија (ДСОЈ) на 7 и 8 ноември, како што претходно најавивме, во Белград (во Звездара Театар) ја организира шестата меѓународна конференција под назив “Комуникација на (с)цена“. Цел на овогодишната конференција на ПРилика е да понуди одговори на горливите прашања од професијата, како успешно да се соочиме со промените и да бидеме во тек со трендовите.
На овогодишната конференција, ДСОЈ ќе биде домаќин на повеќе реномирани предавачи од Европа, Србија и регионот, а помеѓу останатите и на тројцата водечки комуникациски експерти – Џереми Галбрајт, Пол Холмс и Доналд Стил.
Џереми Галбрајт е генерален директор на агенцијата Бурсон-Марстелер за реонот за Европа, Блискиот исток и Африка, глобален директор за стратешко комуницирање и член на Бурсон-Марстелеровиот тим на лидери. Во компанијата се приклучил во 1995 година, кога бил на чело на UK Public Affairs Practice, а потоа од 2000 до 2007 бил директор на Бурсон-Марстелер во Брисел. Пред тоа бил заменик на генералниот директор на водечката компанија за политички консалтинг – Westminster и директор на сестринската компанија во Брисел. Во 2012 година ја добива наградата за извонредно индивидуално достигнување, после што во 2014 година Sunday Times и Debrett го именуваат за еден од 500-те највлијателни луѓе во Велика Британија.
На конференцијата ПРилика 2014 ќе зборува на тема “10 глобални комуникациски трендови“
Пол Холмс повеќе од 20 години пишувал текстови на тема односи со јавност во Европа и САД, а во моментов работи како извршен директор на The Holmes Group и уредник на The Holmes Report. Како уредник, Холмс пишува неделен newsletter кој го читаат повеќе од 5 илјади професионалци од областа односи со јавност во повеќе од 40 земји. Холмс, исто така, е претседател на жирито на SABRE наградите, најголемиот светски натпревар на кој се доделуваат признанија за успехот во областа на Односите со јавност.
На конференцијата ПРилика 2014 ќе зборува на тема “Иднината е наша-победиле или изгубиле“
Вториот ден на конференцијата ПРилика ќе биде оддбележан со работилницата на Доналд Стил на тема “Кризна комуникација во ерата на друштвени медиуми“. Доналд Стил е стручњак за репутација, кризи и управување со промени. Повеќе од 11 години работел како главен советник за комуникациски кампањи во BBC со седиште во Лондон, а во моментов работи како консултант за голм број на клиенти низ цела Европа, на Балканот, Блискиот исток и азиско-пацифичкиот регион. Во текот на својата кариера во BBC се занимавал со некои од најголемите медиумски приказни во последната деценија, од убиството на популарната ТВ водителка Џил Дандо, терористичкиот-бомбашки напад на ТВ центарот на BBC во Лондон, до киднапирањето на новинари и уредници, политички и дипломатски прашања. Стил е и директор на Johnston Associates, специјализирана ПР агенција за нудење на услуги за авио компани.
Покрај нив, на ПРилика посетителите ќе можат да слушнат и некои од најуспешните регионални и домашни стручњаци во областа на комуникациите како Дамир Југо, деканот на Edward Bernays школата за комуникациски менаџмент и член на Управниот одбор на хрватската агенција Милениум промоција и Мише Лукиќ, претседател на управниот одбор на Публицис групацијата во Србија.
На овогодишната конференција е планирано да се оддржат и студии на случај на компаниите NIS, Philip Morris и IKEA, како и две панел дискусии и презентации на резултатите од истражувањето на European Communications Monitor 2014 за Србија.
Повеќе информации за предавачите можете да погледнете на сајтот на ДСОЈ а за било какви информации да ги контактирате на drustvo@pr.org.rs