Британскиот производител на кондиторски производи Cadbury лансираше нова кампања за промоција на своите „чоколадни прсти“, потсетувајќи ги семејствата на повеќегенерациската љубов за слатките бисквити прелиени со чоколадо.
Централиот спот на кампањата претставува еден зафатен ден во битисувањето на едно повеќегенерациско семејство – целосно преку нивните прсти. Спотот проследува врзување на патичиња, типкање на имејлови, свирење на пијано и еден куп други активности, пред семејството на крајот од денот да се обедини во нивната љубов за „чоколадните прсти“ на Cadbury.
Како што е вообичаено за рекламите на брендот, спотот завршува со израз на дарежливост, кога малото момче дели половина од последното „чоколадно прсте“ со својата мајка.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција VCCP London и продукциската компанија Rogue Films.