Светските лидери на телевизиската индустрија се собраа во Хрватска
После двегодишна пауза, лидерите на телевизиската индустрија, по осми пат, се собраа на фестивалот NEM Dubrovnik 2021. Во следните три денови, во прекрасниот Hotel Dubrovnik Palace, повеќе од 500 гости, панелисти и предавачи ќе дискутираат за новите трендови и медиската еволувија после година која имаше големо влијание врз индустријата.
После иницијалните состаноци и собири на бројните тераси и ресторани на Hotel Dubrovnik Palace, организаторите на настанот, хрватската маркетинг и телевиска агенција Mediavision официјално им посакаа добредоје на гостите и на Павел Стантчев од TV2 Media Group кој зборуваше за потенцијалните последни денови на линеарната телевизија каква што ја знаеме, за синергијата со телекомите и за важноста на интересот и задоволството на гледачите.
Првиот панел на NEM Dubrovnik 2021 беше “EON Television: From TV To Entertainment Platform“, организиран од United Group, водечкиот мулти-плеј телекомуникациски и медиски провајдер во Југоисточна Европа. Панелистите Адријан Јежина, генерален извршен директор на Telemach Croatia и Telemach Slovenia, Срџан Џурџевиќ, генерален извршен директор на United Cloud, и Никола Францетиќ, генерален извршен директор на NetTV Plus дискутираа за транформацијата и персонализацијата на телевизијата и за тоа како телевизиските содржини влијаат врз однесувањето на гледачите.
После панелот, руската GPM ETV ги претстави своите врвни телевизиски доржини и одржа премиера на телевизиската серија “Stream”. Денот заврши со забава организирана од српската Brid TV.
Најголемиот дел од програмата на NEM Dubrovnik 2021 ќе се одржи на отворено, според утврдените епидемиолошки мерки. Повеќе информации за настанот може да се најдат на официјалниот веб-сајт, вклучувајќи ја програмата и листата на потврдени спонзори и посетители.