После 42 години, односно од 1979 година кога Absolut Vodka реши за прв пат да се претстави пред глобалниот пазар, шишето на брендот за вотка доби обновен изглед.
Првото воочливо нешто е што шишето ги задржува препознатливите контури на апотекарско шише од 18 век, но и тоа дека дизајнот сега е далеко „почист“, односно без натрупан текст.
Меѓутоа, од друга страна, новиот дизајн има ставено поголем акцент на потеклото и традицијата на брендот, одразувајќи го фактот дека целиот производствен процес на пијалокот се одвива локално во радиус од 120 километри на малата населба Ахус во Шведска.
Новите додатоци кон дизајнот вклучуваат илустрација на оригиналната дестилерија на Absolut, на медајлонот на шишето е додадено и името на основачот Ларс Олсон Смит (досега имаше само негов портрет), препознатливот натпис “COUNTRY OF SWEDEN” сега е релјефно изведен на самото стакло, а за прв пат на шишето ќе се најде и хартиена етикета со назнака дека вотката е произведена и полнета во селото Ахус во Шведска.
„Нашиот нов изглед ги рефлектира напорите кои ги вложуваме во правењето на нашата вотка. Ние добро се погледнавме себе и стигнавме до место каде ја задржавме нашата уникатна ДНК, комуницирајќи го нашето потекло, наследство и автентичност појасно од кога било досега,“ истакнува глобалниот потпретседател за маркетинг на Absolut, Карл Васил.
Позади редизајнот на Absolut стои брендинг агенција Brand Union Stockholm, во соработка со дизајнерскта компанија Destrito и производителот на стакл Ardagh Group.