Брендот за мебел IKEA одбележува 25 години од своето влегување на шпанскиот пазар. По тој повод, компанијата се реши да направи реалити-шоу во кое шест учесници, сите родени во последните 25 години, се заробени во куќа од 1990-те, односно пред влегувањето на IKEA.
Идејата е да се покаже сета удобност која ја носи со себе IKEA, удобност без која учесниците не се научени да живеат.
Шоуто насловено “Atrapados en los 90s” („Заробени во 90-те“) се состои од осум епизоди во кои гледаме како младите учесници се мачат без комфортот на современоста – креветите се неудобни, кујната е несредена, а тоалетот мал. Што пак ли прават без паметни телефони?
За оние учесници кои ќе се снајдат најдобро и ќе освојат најмногу поени, IKEA ги наградува со производи кои само ја засилуваат конкурентноста и љубомората на другите учесници.
Целосните епизоди од серијалот може да се погледнат на YouTube и на официјалниот веб-сајт на IKEA Шпанија.
Кампањата е реализирана со помош на агенцијата McCann Worldgroup Spain.