Од 13 до 15 октомври 2021, креативниот фестивал Golden Drum ги поканува сите заинтересирани да им се придружат на светски признатите меѓународни говорници во споделување на најновите трендови, теми, приказни и совети поврзани со креативните индустрии. Широк избор на маркетери, ПР менаџери, претприемачи, дизајнери и креативни директори ќе откријат како ги одржуваат нивните бизниси агилни, иновативни и како презеамаат ризици додека работат кон подобра иднина.
Најдобриот дел е тоа што 27-от Golden Drum ќе се одржи како онлајн фестивал, што значи дека ќе може да слушате, учите и учествувате од удобноста на вашиот дом, целосно бесплатно. Сé што треба да направите е само да го регистрирате вашето учество.
13 октомври: Креативен акцелераторски ден
Првиот дел од фестивалот ќе биде посветен на сите страствени млади креативци под 30 години, кои саакаат да се здобијат со ново знаење и да го развијат критичкото мислење преку неформални, но професионални обуки.
Целодневната програма ќе обезбеди платформа каде „младите барабанџии“ ќе можат да најдат инспирација, да ги развиваат креативните вештини, да добиваат ексклузивен увид во иднустријата и да истражуваат прашања и идеи кои ќе ја реобликуваат иднината на индустријата.
Детален преглед на активностите за првиот ден на фестивалот на следниот линк.
14 и 15 октомври: Од нашата индустрија и пошироко
За следните два денови не морате да бидете млади, само млади во срцето. Програмата во четврток и петок ќе биде посветена на сите „златни барабанџии“ кои сакаат да останат креативни. Инспиративни работилници, интревјуа, тркалезни маси, дискусии и многу повеќе доаѓаат на вашиот екран.
Детална програма за вториот и третиот ден на фестивалот на линк 1 и линк 2.
15 октомври, 19:00 часот: Голема наградна церемонија на Golden Drum
Кулминацијата на 27-то издание на Golden Drum ќе се случи на третиот ден во 19:00 часот, кога ќе бидат прогласени најдобрите кампањи од натпреварувачкиот дел на фестивалот.
На настанот исто така ќе биде соопштен победникот на натпреварот за младите креативци “Young Drummers”, а ќе биде воведен и најновиот член во Golden Drum Hall of Fame.
Овој специјален гала-настан е поддржан од страна на Mastercard.
Приклучете се!