Во најновото продолжение на кампањата “Lessons of Worth” („Лекции за вредноста“) на козметичкиот бренд L’Oréal Paris, американската актерка Ева Лонгорија споделува лична анегдота за самопочитта.
Во саморефлективниот спот, Лонгорија се обраќа на девојчето кое таа била во прво одделение, кога морала да оди во ново училиште, во нова населба, со нови деца, чувствувајќи се поразлично поради својата потемна кожа.
Актерката споделува порака до сите девојчиња која таа сакала да ја слушне кога била девојче – „Ти вредиш!“
Оваа едноставна фраза, кажана во вистинско време и контекст, може да има огромно значење за самодовербата и самопочитта на луѓето, затоа Ева Лонгорија ги охрбрува луѓето сé повеќе да ја користат во однос на своите блиски.
Рекламата е последното продолжение во оваа кампања изградена околу понатиот слоган на L’Oréal Paris – “Because I’m Worth It” („Бидејќи вредам“), во која претходно се појавија Виола Дејвис, Џејн Фонда и Аџа Наоми Кинг.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција McCann Paris.