Албанската огласувачка сцена овие денови ги доживува своите звездени моменти со освојувањето на првиот воопшто медал на меѓународен креативен фестивал од рангот како што е Голден Драм.
Ако и самиот пласман во финалето во категориите Events, Outdoor и Public Relations, беше препознаен како одлично достигнување со оглед на тоа што Албанија како земја оваа година за прв пат учествува на Голден Драм, тогаш среброто кое го освои тимот на агенцијата McCann Tirana (дел од I&F McCann grupa) е достигнување кое ќе остане запишано во аналите на огласувачката сцена на оваа соседна земја.
За кампањата “Да ги почитуваме и живите“ со која McCann Тирана завчера успеа да освои сребрена статуетка, ние на Маркетинг365 пишувавме уште пред неколку месеци а вреди да напоменеме дека креативен директор на оваа агенција, како и еден од најзаслужните за оваа наградена кампања е Ивица Спасовски од Македонија.
Честитки !