Овој месец, младиот американски рапер и провокативен маркетер Lil Nas X го објави својот деби-албум “Montero”. Со цел негова промоција, раперот постави сатирични реклами изведени во ретро стил како да се работи за адвокатска компанија од 1990-те.
Притоа, ниту еден билборд експлицитно не го споменува новиот албум на Lil Nas X, туку ги упатува минувачите да го посетат веб-сајтот welcometomontero.com, од каде всушност тој може да се нарача.
Но, како да се натераат минувачите да го посетат тој веб-сајт? Одговорот на Lil Nas X е со хумористични пораки полни со иронија и сарказам кои нудат „финансиска компензација“ за различни „проблеми“.
„Го мразите Lil Nas X? Можеби ви следува финансиска компензација“; „Геј? Можеби ви следува финансиска компензација“; „Дали сте сингл, осамени и мизерни? Можеби ви следува финансиска компензација“; и за крај: „Дали ви недостига вистинската Америка? Посетете го веб-сајтот за да видите како можеме да си ја вратиме државата“.