Матичната компанија на социјалната мрежа TikTok, ByteDance соопшти дека ќе го ограничи времето на употреба на именуваната социјална мрежа на само 40 минути на ден за секој корисник кој нема навршено 14 години.
Притоа, овие 40 минути ќе можат да бидат искористени само во периодот помеѓу 6 часот наутро и 22 часот навечер.
Социјалната мрежа TikTok во Кина е позната под името Douyin и се карактеризира со построги правила на модерирање. Исто така, при регистрирањето на профил, корисниците мора да го дадат своето вистинско име.
Неодамна, Кина како држава исто така го ограничи и времето кое малолетниците може да го минуваат во играњето на видео-игри на само 3 часа во неделата.
Иако ваквите ограничувања за културата на западниот свет можат да се чинат како претерани, тие сепак наметнуваат дискусија околу заштитата на менталното здравје на малолетниците од содржините на социјалните мрежи.