Кинеската компанија за равој на видео-игри miHoYo постави интерактивен тродимензионален билборд за промоција на својата видео игра Genshin Impact.
Билбордот поставен во градот Ченгду ја прикажува Барбара, лик од претходноспоменатата игра, која ги „отвора“ завесите на билбордот, „излегува“ од неговите граници и ги поздравува минувачите.
Потоа џиновскиот анимиран лик фаќа „кристална пеперутка“ и отвора кутија за подароци од која се појавува статична реклама за видео играта.
Билбордот претставува совршен пример за тоа како креативноста, инвентивноста и примената на неколку оптички трикови можат да создадат навистина привлечно рекламно решение на кое минувачите не можат да останат рамнодушни.