Хрватското здружение на компании за деловно комуницирање (ХУРА), водечко професионално здружение кое ги обединува некои од најнаградуваните и најквалитетни агенции (53 на број) кои застапуваат дури 75% од огласувачките буџети во Хрватска, ја презеде лиценцата на ИАБ за хрватскиот пазар.
IAB Croatia е колективен претставник и амбасадор на индустријата за интерактивен маркетинг на светската организација IAB Global Network, а со ова ширење ги поврзува сите актери ангажирани во развојот на интерактивниот маркетинг во храватска.
Позади ИАБ сега ќе стојат докажано успешните сили од тимот на HURA, предводени од извршната директорка Дуња Ивана Балон која сега ќе ја преземе и функцијата директорка на ИАБ Хрватска.
Со оваа аквизиција, локалниот пазар стана побогат за бројни материјали, специјализирани едукации, истражувања и анализи што ќе бидат ексклузивно достапни преку ИАБ Хрватска. Од голема важност секако ќе биде и долгоочекуваниот хрватски Online Media Advertising Expenditure Report – првата годишна проценка со податоци за огласувачките инвестициите во онлајн медиумите, а потоа и стручните упатства, од кои веќе се во подготовка оние најважните, за функционирањето на пазарот- за стандардизација на онлајн огласувачките формати.
“Регулирањето на пазарот во Хрватска – кој со години го подигнуваме на ново ниво – е видливо на секој чекор, така што е голема привилегија, пофалба и ветер во грб соработката со глобалното Биро за интерактивно огласување и преземањето на лиценцата IAB Хрватска“, изјави Дуња Ивана Балон, новата директорка на IAB Хрватска и извршен директор на HURA, за важноста на IAB лиценцата.
“Инсистираме на знаење и експертиза: имаме големи планови кои започнуваат со храбри и сериозни потези, затоа ги покануваме сите заинтересирани да го зголемат потенцијалот на нашата индустрија во придонесот кон дигиталната економија“, истакна Балон.