Пред некој месец, италијанскиот бренд за кафе Lavazza го најави својот нов кафемат со интегриран гласовен асистент Alexa (на Amazon).
Сега, по повод меѓународното лансирање на специјалната кафе-машина, брендот лансираше посебна кампања составена од телевизиски спот, онлајн, принт, out-of-home и social media активности.
Централниот телевизиски спот долг 60 секунди прикажува различни ликови во различни ситуации кои стапуваат во интракција со „кафематот кој зборува“, динамично ширејќи го гласот за овој верен асистент на сите љубители на добриот филџан кафе.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција VMLY&R Italy и продукциската куќа Movie Magic International.