Популарниот бренд на шкотско виски Johnnie Walker го објави најновото продолжение на кампањата “Keep Walking” („Продолжи да чекориш“).
Рекламата носи чувство на самодоверба и добро расположение преку комбинација на соодветна музика и снимки од различни луѓе во различни животни контексти кои гордо и без страв продолжуваат да чекорат напред, без разлика на сите предизвици.
Видео спотот ќе биде поткрепен и со out-of-home активности кои ќе вклучуваат проекција на инспиративни цитати врз културни знаменитости во повеќе градови низ светот.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Anomaly London и дигиталната агенција AnalogFolk.