Сите кои работиме во маркетинг, овој 28-ми октомври, го очекуваме со големо нетрпение. На оваа дата ќе се одржи редовната Facebook Connect конференција, на која што, како што се шпекулира со денови, ќе се објави информацијата дека Facebook ќе направи ребрендирање, како дел од неговата нова цел на креирање на нов концепт/идеа наречена „metaverse“!
Многу информации во само еден пасус и многу прашања кој што можат да се сведат на два прашања:
-Зошто ребрендирање?
-Што е „metavarse“?
Ќе почнам со второто прашање – metaverse. Ќе одговорам во стилот на еден скеч на К-15 – каде поимот се состои од две реченици „meta“ и „verse (стих)“ и генерално се користи за виртуелен простор на кој му пристапуваме по пат на интернет и каде што луѓето можат да креираат и истражуваат со виртуелната 3Д околина. Кој ги гледаше филмовите „Real Player One“ веќе знае за што станува збор. Терминот е создаден 1992 од страна на Neal Stephenson американски писател во негова книга Snow Crush. Терминот „metaverse“ Марк Закерберг го имаше употребено во своето интервју каде го објаснува концептот за понатамошниот равој на Facebook.
Се враќаме на првото прашање – Зошто Facebook би сакал да се ребрендира? Ребрендирањето е да разјасниме нормален процес кај сите компании – промената на името и на визуелниот идентитет (или само едно од овие две нешта) е нормална работа и е дел на животниот процес на сите компании. Google да ве потсетиме од 2015 година се реорганизира во холдинг компанија која се вика Alphabet Inc.
Facebook во последниот период беше една од главните теми во светските вести и тоа не во најдобро светло – 7 часовен застој пред некој месец, скандалот со Cambridge Analytica, голем број на истраги против монополското однесување на компанијата, злоупотреба на личните податоци на корисниците на мрежата итн. Како шлаг на тортата е и информацијата дека се поголем број на корисници (особно помладата популација) не го смета Facebook за интересна платформа за комуникација. Со еден збор – насобран негативен ПР.
Овие проблеми, заедно со новата стратегија на „metaverse“ се добра основа за прекретница на компанијата. Facebook од својата појава до денес, радикално го смени начинот на комуникација и даде нова форма на виртуелна релност која е следен нивен стратешки план. Во прилог на ова е и информацијата дека самата корпорација ќе вработи 10.000 стручњаци во Европа кој што ќе работат активно на реализација на оваа цел.
Она што најверојатно ќе се случи овој 28-ми октомври е дека ќе се направи едно разграничување помеѓу корпорацијата и производите кој што ги има – кровната компанија која што во моментот се вика исто како и нејзиниот прв и најпопуларен произвд (Facebook) ќе добие ново име, додека нејзините производи и понатаму ќе останат исти. Крајните корисници и понатаму ќе ги користат истите производи без никаков прекин.