Туристичкото биро на Дубаи го објави петтото продолжение на својата филмска кампања “Dubai Presents”.
Во спотот “A Riveting Mystery” („Возбудлива мистерија“), холивудските ѕвезди Зек Ефрон и Џесика Алба се враќаат во улога на археолози кои треба да откријат некоја древна тајна.
Двајцата „археолзи“ се тркаат со времето за да ги најдат одговорите кои треба да им помогнат во решавањето на древната мистерија, но се соочуваат со опасна конуренција и повеќе предизвици полни со акција.
Слично како во претходните „филмски трејлери“, така и во овој актерите имаат авантура во која посетуваат повеќе делови од градот и широката пустина која го опкружува, каде што во овој случај гледаме како Џесика Алба ги четка зрнцата песок за да открие некој древен артефакт.
„Понекогаш неоткриеното се наоѓа веднаш пред вас“ и „Само минатото може да ја открие иднината“ се двете текстуални пораки кои ги гледаме во спотот.
Кампањата се реализира со помош на независната креативна агенција Mother, додека пак оваа реклама беше режирана од страна на Крег Гилеспи, кој исто така стои и позади играните филмови “I, Tonya” и “Cruella”.