Претставници на онлајн платформите YouTube, Snapchat и TikTok, оваа недела ќе се најдат на сослушување пред американскиот Сенат за прашања поврзани со заштитата и безбеедноста на корисниците и нивните податоци.
Медиумите дознаваат дека како дел од своето излагање, претставникот на YouTube ќе се фокусира на заштитата на децата од несоодветни содржини.
Компанијата само во изминатите девет месеци од годината отстраниле 7 милиони кориснички профили за кои се верува дека им припаѓале на деца помлади од 13 години (кои според правилата на платформата, тие не смеат да ги имаат).
Децата сепак можат да го посетуваат YouTube, но под надзор на своите родители преку специјализираните Supervised Experiences и YouTube Kids.
Од компанијата исто така ќе биде презентирана и нивната ефикасност во отстранувањето на видеа кои ги нарушуваат правилата за детска безбедност.
Според информациите, во вториот квартал од годината, дури 85% од ваквите видеа биле отстранети пред тие да постигнат бројка од 10 прегледи. За споредба, тој процент на ефикасност во однос на видеа кои прекршиле некое друго правило изнесувал 75%.
Од YouTube уверуваат дека безбедноста на децата е на врвот од нивните приоритети, а вештачката интелигенција е тука за да помогне.