Агенцијата за администрација објави оглас за вработување во Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ.
Во точката 21. се бара извршител како Советник за медиуми во одделението за Односи со јавност.
Апликантите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – од областа на хуманистички науки
– Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
– активно познавање на англиски јазик
– Работа со компјутер
– комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа
Плата: 24.040,00
Работни часови неделно: 40 ;
Работно време од 08:30 до 16:30 ;
Работни денови: од понеделник до петок
Краен рок за аплицирање : 15.10.2014
Целиот оглас можете да го погледнете на следниов ЛИНК.