Минатата недела „протече“ информацијата дека компанијата за финансиски технологии PayPal била во преговори за купување на социјалната мрежа Pinterest.
Според Ројтерст, таквата зделка би ги чинела PayPal и до 45 милијарди долари, нудејќи околу 70 долари по акција.
По проширувањето на веста, акциите на Pinterest пораснале за 13%, но од друга страна – акциите на PayPal паднале за скоро 12%.
Последниот податок беше своевиден показател за недовербата на акционерите на PayPal во однос на планираното купување на Pinterest.
Неколку денови подоцна, PayPal официјално соопшти дека „во овој момент не се стремат кон купување на Pinterest“ т.е. ништо од договорот.
Како резултат на тоа, акциите на PayPal веднаш пораснале за 3.6%, додека пак акциите на Pinterest паднале за 12%.