По повод „Ноќта на вештерките“, брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola отпочна нова интегрирана кампања за британскиот пазар насловена “Ghost” („Дух“).
Централниот спот на кампањата почнува доцна во ноќта, кога едно момче се буди од својот сон и оди да истражи некакви шумови во маркетот под неговата спална соба. На големо изненадување на момчето, тоа гледа како едно слатко духче се мачи да го отвори фрижидерот со Кока-Кола.
Момчето се одлучува да му помогне на духот да дојде до посакуваната Кока-Кола, во што на крајот и успева, и тоа на еден инвентивен начин за добивање на нематеријално шише Кока-Кола за духови. Наздравје!
Покрај видео спотот, кампњата ќе вклучува и радио, принт, дигитал, онлајн и out-of-home активности.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DentsuMB UK и продукциската куќа Smuggler.