Се надеваме дека повеќе од вас го гледале филмот Inception (2010) на режисерот Кристофер Нолан, а доколку одговорот е не – тогаше е време да го гледате. Се работи за филм во кој се сонува сон во сон во сон во сон и така натаму.
Сега, за нешто слично се одлучил и креативниот тим на брендот за производи од овес Oatly, кој го носи хумористичното име Oatly Department of Mind Control („Оддел на Oatly за контрола на умот“), кои направиле мета-реклама, односно реклама во реклама во реклама во реклама итн.
Имено, тимот најпрвин поставил реклама за овесно млеко на автобуска постојка. Потоа на брод поставиле фотографија од рекламата на автбуската постоја. Потоа објавиле пост на социјалните мрежи за бродот. Потоа направиле билборд за постот на социјалните мрежи. Потоа снимиле видео од жена која свири на оргули и пее пред билбордот. Потоа поставиле реклама на камион за видеото од жената пред билбордот. Потоа објавиле принт реклама во весник за рекламата на камионот и потоа направиле мурал од принт рекламата.
За крај, направиле видео реклама во која ги објаснуваат сите претходни реклами, во стил на хумористичен извештај пред генералниот креативен директор на компанијата кој уште прашува: „А, што со Инстаграм?“ Епа, ете го и Инстаграм.
Веројатно и целиот buzz на интернетот околу новото име Meta на Фејсбук исто така придонесува кон „штосот“ на Oatly.
Генијално.
View this post on Instagram