Можеби најисчекуваната кампања секоја празнична сезона е онаа на британскиот ланец на стоковни куќи John Lewis. Некои дури ќе ви речат дека празничната сезона „официјално“ започнува откако ќе се појави кампањата на John Lewis.
Епа, дојде и тој момент. Новата божиќна кампања на John Lewis го носи насловот „Неочекуван гостин“ (“Unexpected guest”) и ја раскажува приказната за пријателството на едно вонземско девојче и едно земско момче.
Централниот спот на кампањата отпочнува со рушењето на некакво вселенско тело на Земјата. Момчето-протагонист оди да истражува за што се работи, откривајќи дека тоа е вселенски брод кој бил управуван од вонземско девојче.
Додека вонземјанката работи на поправка на бродот, момчето е тука да ѝ донесе радост и да ја запознае со Божиќниот дух, при што нивниот однос прераснува во вистинско пријателство. На крајот, кога бродот е поправен и време е девојчето да се оди, гледаме емотивна разделба со сеќавања за еден магичен, незаборавен Божиќ.
Кампањата е создадена со помош на долгогодишниот креативе партнер на брендот, агенцијата Adam & Eve/DDB.