Со цел да им оддаде почит на локалните колумбиски фармери кои растат кафе, Nescafé Colombia создаде лимитирана серија на сликовници кои се целосно илустрирани токму со кафе.
Сликовницата создадена од уметниците Алехандро Ускатегуи и Себастијан Брикено се состои од 208 страници кои кога се вртат набрзина раскажуваат „анимирана“ приказна за тоа како се создава кафето – од плантажа до топла шоља.
Како боја било употребено инстант кафето Nescafé Tradición, направено 100% од колумбиски зрна. A, со вртењето на сликовницата, истовремено се ослободува и аромата на тоа кафе.
Копии од сликовницата потоа биле доделувани на најверните потрошувачи.
„Кафето кое вие го подготвувате инстантно создаде приказна која може да ја уживате инстантно“ – го опишуваат проектот од компанијата.
Кампањата била реализирана со помош на креативната агенција Publicis Colombia.