Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola ја објави својата нова Божиќна реклама насловена “Chimney” („Оџак“), дел од глобалната бренд платформа “Real Magic” („Вистинска магија“).
Рекламата отпочнува со сцена во која едно дете гледа цртан филм со Дедо Мраз и гледа како тој се спушта низ оџак. Но, детето сфаќа дека во неговиот стан нема оџак. Всушност, целата зграда нема оџаци. Па, како тогаш ќе дојде Дедо Мраз?
Детето се решава да изгради оџак од картонски кутии и да ја организира целата зграда да си изгради оџаци од картонски кутии. Планот успева и секој стан другиот ден добива подарок во кој се наоѓа покана за заеднички собир.
На крајот од спотот гледаме како сите жители од зградата уживаат во заеднички празничен ручек. Всушност, главната тема на овогодишната Божиќна реклама на Кока Кола е токму заедништвото, кое ни фалеше минатата карантинска година.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција DentsuMB.