Германскиот ланец на дисконт маркети Lidl ја објави својата нова Божиќна кампања наменета за британскиот пазар.
Во централниот спот на кампањата ја гледаме еволуцијата на животот и Божиќниот оброк во денешно време, далечната иднина и уште подалечната иднина.
Спотот отпочнува со денешницата, со стандардната печена мисирка за вечера и „грдите“ Божиќни џемпери, при што присутните разговараат за тоа „каков е животот во Шпанија?“.
Потоа ја гледаме истата сцена ама во иднината, со истиот Божиќен оброк и традиција, но проследени со поголем технолошки напредок и разговор на темата „каков е животот на Месечината?“
Следната сцена оди уште подалеку во иднината. Повторно ги имаме истиот Божиќен оброк и традиција, но со уште поголем технолошки напредок и разговор на темата „каков е животот во вечноста?“.
Во сите три периоди, константата е најдобриот Божиќен оброк со најдобрите цени во Lidl.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Karmarama.