Ланецот на супермаркети Aldi ја лансираше својата нова Божиќна кампања во форма на анимирана приказна со поука за љубезноста и добрината.
Приказната раскажана во рекламниот спот е насловена „A Christmas Carrot“ („Божиќен морков“), а потпишана како дело на некојси Чарлс Чикенс (алузија на приказната “A Christmas Carol” („Божиќна песна“) од авторот Чарл Дикенс).
Анимираниот спот раскажува за една нељубезна банана која при сон е посетена од морковот Кевин (маскота на Aldi), кој успева да го смени неговото однесување и да му го смени ставот за Божиќ – „За да бидеш среќен, треба да бидеш љубезен“ е поуката на приказната.
Во рекламата се појавува и познатиот фудбалер-ротквица Маркус Радишфорд т.е. англиската фудбалска ѕвезда Маркус Рашфорд кој му го позајмува својот глас.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција McCann UK и продукциската куќа Riff Raff.