Социјалната мрежа Twitter ја лансираше првата кампања за промоција на својата премиум верзија со претплата наречена Twitter Blue.
Кампањата се состои од серија на рекламни спотови снимени во стил на ретро аеробик видеа, а заштитни лица се интернет инфлуенсерите познати како Dana Donnelly, Meg Stalter, Broman и Prance.
Претплатничкиот сервис Twitter Blue е моментално достапен за корисниците од САД, Канада, Нов Зеланд и Австралија, по цена од 2.99 американски долари месечно.
Тој нуди можност за организирање на омилени твитови по папки, персонализирана навигација, „читачки режим“ за долги дискусии, статии без реклами, како и копче “undo” до 60 секунди за брзо повлекување и измена на објавени твитови.
Таргет на кампањата се припадниците на милениумската и генерацијата „Зет“.