Пивскиот бренд Heineken лансираше нова реклама за пазарите во кои се подигнати крантинските рестрикции и баровите се повторно отворени.
Спотот насловен “A lockdown love story” („Карантинска љубовна приказна“) раскажува за двајца млади кои се запознаваат при играњето на видео-игра, па потоа развиваат дигитална врска преку видео повици.
Кога карантинските мерки се олабавуваат и баровите повторно отвораат, тие се договараат да се сретнат во живо, а при процесот успеваат да запознаат и други луѓе – сето тоа со моќта на Heineken кој ги зближува луѓето.
Рекламата е создадена со помош на креативните агенции Publicis Italy и Le Pub, преку продукциските куќи Division и TYO Inc.