Со цел промоција на својот 5G сервис меѓу гејмерската заедница која секогаш има потреба од побрз интернет, американската телекомуникациска компанија Verizon ја лансираше својата нова кампања “Got Any Games On Your Phone?” („Имаш ли некакви игри на твојот телефон?“).
Во централниот спот на кампањата гледаме како една обична американска кафетерија/ресторан се трансформира во врвно гејмерско искуство со помош на изменета реалност (augmented reality) – гуштер кој прима нарачки, волшебник кој спрема филџани кафе и келнерка со рогови која носи палачинки.
Рекламата завршува со сцена во која сфаќаме дека фантастичната кафетерија е резултат на изменетата реалност предизвикана од телефонот на еден човек. Тој добива прашање од девојчето на соседната маса: „Имаш ли некакви игри на твојот телефон?“, на што човекот потврдно и задоволно климнува со главата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Madwell и продукциската куќа Carbon.