HTEC Group, глобалната компанија за консалтинг, софтверско инжењерство и развој на дигитални производи, која во јуни отвори технолошко-развоен центар во Скопје, денеска објави преземање на едно од најуспешните студија за продуктен дизајн во светот, Momentum Design Lab.
Компанијата HTEC во Скопје, во овој момент има вработено над 40 инжењери кои работат на иновативни и технолошки проекти за голем број на клиенти ширум светот, вклучувајчќи ги и водечките технолошки компаниии и стартапи. HTEC Group во последната година, дури за четири пати го зголеми своето присуство во регионот каде во мометнов вработува над 1000 луѓе во 12 технолошки центри и тоа во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија и Романија.
Улогата на Моментум ќе биде со своето дводецениско искуство и углед во областа на продуктниот дизајн и иновации, да го зајакне и да го прошири досегашното знаење на HTEC во истата област. Тимот на Моментум со локалниот тим во Северна Македонија и од регионот, ќе работат на заеднички проекти. Во наредниот период, се предвидува компаниите да пронајдат нови синергии со цел на заедничките клиенти да им понудат поширок спектар на услуги, од идејно решение до техничка реализација.
Моментум како своја најголема вредност ја носи експертизата, угледот и најквалитетните методологии во дизајнирањето на дигиталните производи, со што на HTEC ќе и помогне да ја трансформира индустријата и работењето со клиентите, а со своите иновативни и напредни решенија да го подобри квалитетот на животот на луѓето ширум светот. Во портфолиото на компанијата Моментум се наоѓаат 40 компании од листата на Fortune, како и многубројни интересни стартапи, а на своите клиенти ширум светот им помогнала да достигнат вкупна вредност од над 40 милијарди долари.
Основан во 2002 година во Силиконската долина, Momentum Design Lab е еден од пионерите во UX, CX и продукт дизајнот, кој денес има глобално присуство преку своите канцеларии во Сан Матео, Њујорк, Сиднеј и Лондон. Пет години по ред, компанијата е рангирана како прва во светот од областа на UX дизајнот на популарната бизнис платформа Clutch. Со експертизата во развој на дигитални производи од областа на финасиите, здравството, маркетинг технологијата, медиуми, забава, софтверски решенија и производи за широка потрошувачка, Momentum ќе ги надогради постојните инжењерски капацитети на HTEC во истите области.
„Пресреќен сум што имам задоволство на претставниците од Моментум да им посакам добредојде во HTEC тимот. Во Моментум пронајдовме вредности кои што се слични на нашите, како што се потребата за постојаното усовршување и професионален развој, репутација меѓу клиентите и страст за надминување на нивните очекувања кога станува збор за дизајнот на дигиталните платформи и производи. Со спојувањето на нашиот инжењерски талент и иновативниот начин на размислување од Силиконската долина, имаме добитна комбинација за овозможување на услуги за дигитализација на најдобрите светски компании. HTEC ќе продолжи активно да бара и да аквизира компании кои што ги делат нашите вредности и култура, а тоа е дел од широката стратегија за раст и достигнување на целта на бидеме една од глобално водечките компании за раазвој на дигиталните производи“, истакна Александар Чабрило, генерален директор на HTEC Group.
![](https://marketing365.mk/wp-content/uploads/2021/11/Aleksandar-Cabrilo-David-Thomson.jpg)
Основачот на Моментум, Давид Томсон коментирајќи ја аквизацијата истакна дека тие ги комбинираат технологијата, емпатијата и имагинацијата кога креираат дигитални производи.
„Веќе неколку години сме во потрага по вистински партнер кој ќе ни помогне да ги прошириме можностите во наредните години. За нашата компанија, која ги редефинира можностите со своите партнери, беше многу важно да најде партнер којшто со квалитетот на своите технолошки услуги ќе го надополни нашиот талент за дизајн и на нашата база на клиенти да им пружи поголеми можности. Технолошката експертиза на HTEC ги надмина сите наши очекувања и ние сме многу нестрпливи да ги обединиме силите и заедно да продолжиме да градиме иновативни произвои кои го унапредуваат и странсформиеаат начинот на којшто денес работиме“, додава Томсон.
HTEC Group е глобална компанија која овозможува консалтинг, софтверско инжењерство и развој на дигиталните производи за најуспешните хајтек компании, стартапи и корпорации од листата на Fortune 500. Основана во Белград, со седиште во Сан Франциско, со локални претставништва во САД, Велика Британија, Холандија, Шведска, Словенија и 12 технолошко-развојни центри ширум Југоисточна Европа, HTEC се позиционира како силен стратешки партнер којшто на своите клиенти им помага во трансформација на работењето преку развој на напредни технологии, дигитални производи и платформи во здравството, трговијата и продажбата, превозот, логистиката, финансиите, медиумите, науката и инжењерството.
Моментум е дизјан студио од Силиконската долина со седиште во Сан Mатео и канцеларии во Њујорк, Лондон и Сиднеј. Компанијата овозможува иновација на дигиталните производи и корисничко искуство, а за својата работа од областа на дизајнот на корисничкото искуство UX, пет години по ред е избрана како наjдобра компанија во светот од страна на познатата бизнис платформа Clutch.co. Во своето дводецениско постоење, Моментум има помогнато на различни клиенти, од стартапови, па се до 100 -те најдобри компании според листата на Fortune.