Старечката далековидност или пресбиопија е физиолошка нарушување на очите кое се карактеризира со неможност за фокусирање на ближните објекти, а најчесто се јавува после 40-та година од животот.
Со цел поттикнување на луѓето да ги проверат своите очи и навремено да реагираат, британскиот мултинационален оптички малопродажен ланец Specsavers ја лансираше хумористичната кампања “My Big Phone and Me” („Мојот голем телефон и мене“).
Ѕвезда на кампањата е комичарот Дом Џоли кој во едно свое шоу во раните 2000-ти користел екстремно преувеличен мобилен телефон. Џоли и неговиот преувеличен, овој пат паметен телефон се враќаат во кампањата на Specsavers за да ги илустрираат проблемите со кои се соочуваат луѓето со далековидност.
Наместо Дом Џоли да оди на очен лекар, тој одлучува да купи голем телефон како решение за својот проблем со далеовидноста. Но, како што гледаме низ комичните ситуации во спотот, тоа создава еден куп други проблеми и неудобности, па очниот лекар сепак се чини како далеку најдобрата опција.
Пораката – проверете ги очите на лекар и реагирајте со време. Немојте да чекате и да си играте со големи телефони.
Кампањата е создадена со помош на креативните агенции Tangerine Communications и The Agency.