Германската автомобилска групација Volkswagen Group најави отпочнување ревизија на својот глобален договор за медиско планирање и закуп.
Ревизијата ќе отпочне и трае во текот на 2022 година, а избраната агенција ќе ја преземе должноста почнувајќи од 2023 година.
Актуелна медиска агенција на Volkswagen е PHD од групацијата на Omnicom, која беше избрана во 2016 година и има важечки договор до 2023 година. Претходно, медиска агенција од 1998 година им беше MediaCom на WPP.
Договорот се однесува на сите брендови на групацијата, вклучувајќи ги VW, Audi, Skoda, Seat, MAN и останатите. Притоа, вредноста на договорот се проценува на неколку милијарди евра. Само за својот главен бренд Volkswagen, групацијата во 2020 година потрошила 1,5 милијарди евра за медиски активности.
Volkswagen Group е вториот најголем производител на автомобили во светот, позади јапонска Toyota, со вкупен приход од продажба еднаков на 222.9 милијарди евра во фискалната 2020 година.