После една година хијатус, се враќа камионскиот караван на Coca-Cola заедно со римејк на иконичната реклама “Holidays are coming” („Празници се ближат“).
Оригинално објавена во 1995 година, рекламата прикажува караван на Coca-Cola камиони кои наближуваат кон некој град и со себе го носат празничниот дух, магично осветлувајќи го просторот низ кој минуваат. Рекламата оригинално беше создадена со помош на агенцијата WB Doner.
Оттогаш, црвениот камион на Coca-Cola стана препознатлив симбол на Божиќните активности на брендот, наоѓајќи свое место во голем број реклами и претставувајќи фокус на вистинскиот Coca-Cola празничен караван кој посетувал повеќе градови во различни земји низ светот.
Но, поради пандемијата, минатата година оваа традиција беше прекината. За среќа, работите во 2021 се потсмирија, па караванот на Coca-Cola повторно се враќа во акција.
По тој повод беше лансирана и нова верзија на рекламата „Празници се ближат“, создадена од страна на Ogilvy Berlin.
Порано овој месец, Coca-Cola ја објави и својата главна кампања за овој Божиќ насловена „Оџак“.