Со цел промоција на новиот паметелн телефон Galaxy A52s 5G лансиран оваа есен, јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung е во фаза на реализација на глобалната кампања насловена „Awesome“ („Вчудовидувачки“).
Се работи за серија на кратки спотови од по 15-секунди кои истакнуваат некоја од позитивните карактеристики на паметниот телефон. Притоа, спотовите се создадени во стил на видео-игри, внесувајќи елемент на забавност и надреалност во реалниот живот.
Досега објавените спотови ги вклучуваат „Вчудовидувачки перформанс“, „Вчудовидувачка брзина“ и „Вчудовидувачка водоотпорност“.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden & Kennedy Amsterdam и продукциската куќа Iconoclast UK.