Дигиталната платформа за аудио содржини Spotify го отпочна својот преглед за 2021 година т.н. “Wrapped”, објавувајќи ги податоците за слушачките навики на своите корисници.
Кампањата која го следи прегледот е насловена “Totally Normal” („Тотално нормално“), меѓутоа во една иронична смисла, упатувајќи на хаотичните работи кои што се случуваа во текот на годината.
Корисниците на платформата во 33 пазари ширум светот добиваат и персонализиран преглед на сопствените слушачки навики, претставени преку низа на забавни елементи како што се:
- 2021: The Movie – во секцијата Stories, корисниците можат да видат кој би бил саундтрекот на нивниот животен филм во 2021 година, односно со која песна би почнал филмот, која песна би одела при „борбена сцена“, која песна би свирела при танцување и слично.
- Audio Aura – во истата секција, корисниците можат да видат која би била бојата на нивната аура базирано врз нивните слушачки навики во годината.
- Playing Cards (Two Truths and Lie) – корисниците можат да играат интерактивна игра во која им се даваат три податоци поврзани со нивните слушачки навики, а тие треба да погодат кој од нив е лага.
- Wrapped 2021: Blend – корисниците можат да ги споредуваат и комбинираат своите плејлисти за годината.
- Artist Videos – фановите имаат можност да добијат видео со благодарност од над 170 популарни музички артисти, доколку тие се појавиле во нивните годишни плејлисти.
- Best New Podcasts – овогодинешниот преглед на Spotify вклучува и плејлиста на најдобрите нови и најслушаните подкасти на платформата.
Корисниците можат да ги споделуваат податоците за своите слушачки навики директно на социјалните мрежи Facebook, Instagram, Twitter, TikTok и Snapchat.
Кампањата била создадена од in-house тим на Spotify, предводен од глобалниот извршен креативен директор на компанијата, Алек Бодман, како и директорот за персонализација, Зијад Султан.