(РЕГИОН) – Белградската телевизија Б92, која се прослави како главен перјаник против владата на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, од Нова Година веќе нема да постои, а на сегашната фрекфенција ќе ја наследи ОТВ.
После повеќенеделни нагодувања што ќе се случи со телевизијата чија содржина веќе неколку месеци престана да биде онаква каква што јавноста во Србија ја памети од 90-тите години на минатиот и почетокот на овој век, ТВ Б92 и официјално истакна дека од ноември “ќе ја унапреди својата програма со емитирање на емисии од нови ТВ студија со помодерна сценографија и подобрен квалитет на сигналот”.
Некогаш популарната “деведесет и двојка” изминатите неколку месеци остана без неколку водечки новинари, забавната и сериската содржина ги превземаше ударните термини, а поедини емисии го изгубија својот рејтинг или пак, како култната “Utiska nedelje” на Олја Бецковиќ, се тргнати од програмата.
Со промената на името од Б92 во ОТВ, како што тврдат поедини белградски медиуми, ќе биде финализирана и промената на концептот на телевизијата од информативна во комерцијално-забавна, започната откако Б92 од рацете на акционерите премина во рацете на странски сопственик.
Челните луѓе на оваа ТВ куќа настојуваат да избегнат конкретни одговори во врска со промената, а не се желни ни да го потврдат или демантираат пишувањето на весникот “Блиц” во врска со ситуцијата во Б92. Еден од основачите на Б92 и главен и одгворен уредник на информативната програма Веран Матиќ наведе, одговарајќи по писмен пат на барање на “Блиц”, дека “промената на името Б92 досега не е сериозно разгледана” и дека “доколку има таква одлука, јавноста ќе биде навремено известена”. Потоа следеше соопштение на Б92 за промената на концептот на оваа телевизиска куќа.
“Имајќи ја во предвид тенденцијата на компанијата Б92 концептуално и технолошки да се развива и дека во тек е унапредување на телевизискиот канал со национална фрекфенција, ТВ Б92 наскоро ќе почне со имитирање на својата програма од нови студија во кои постоечките ТВ емисии ќе добијат сосема нов и подобар излгед”, наведено е во соопштението, во кое се најавува и преселба во нов “телевизиски објект”, технички прилагоден на барањето за промена на сценографијата и новите телевизиски формати.
Во меѓувреме во тек е потпишувањето на петиција против промената на името Б92, која ја почна еден од нејзините основачи новинарот Душан Машиќ. Својата иницијатива Машиќ ја објаснува со желбата да се “сочува споменот на се’ она што многумина го вложијата за Б92 да стане еден од водечките информативни брендови во Србија и регионот”.
Б92 веќе неколку месеци емитува програма од репортажните коли паркирани пред зградата на булеварот “Зоран Џинџиќ”, каде што се наоѓа редакцијата, бидејќи во тек е преселба на телевизијата на нова локација, во комплекс на автопатот на кој се наоѓа и ТВ Прва.
Кабелскиот канал Б92 инфо, како што тврди Блиц, и понатаму ќе се емитира под исто име, радио Б92 истотака, но ќе се промени сегашното седиште бидејќи комплетната редакција се сели од зградата на булевар “Зоран Џинџиќ” во Нови Београд.
Од државното регулаторно тело за електронски медиуми на Србија (RRA) велат дека не постојат формални препреки за промена на името Б92 иако на оваа и’ е доделена национална фрекфенција, имајќи во предвид дека имало и слични примери со промена на името на уште неколку телевизии, истотака со национална фрекфенција.
Некогашни новинари и уредници на редиото, а потоа и на ТВ Б92, нагласуваат дека брендот Б92 е “одамна срушен” и дека концептот на независна информативна продукција потклекна пред популистичките комерцијални програми, турски серии и естрадно-забавни емисии.
“Иронијата е во тоа што изминаа години, а актулениот сопственик не знаеше да го искористи она што при купувањето на оваа телевизија најскапо го плати, а тоа е – брендот Б92”, вели некогашната уредничка Бојана Лекиќ.
Даница Вучениќ, авторка и водителка на емисијата “Kažiprsta”, која меѓу првите ја напушти Б92 вели дека новинарите и уредници токму со заминувањето “го изразиле својот став”, додека пак Антонела Риха тврди дека со “симнувањето на “Utisak nedelje” стана јасно дека на “деведесет и двојка” го снемува се’ она што некогаш оваа телевизија значење”.
Б92 е медиумска куќа која опфаќа радио продукција, ТВ продукција (од која подоцна настана ТВ Б92), издавачка дејност (магазини, книги, компакт-дискови), културниот центар “Рекс”, обезбедување на интернет услуги и веб-портал.
Радио Б92 е основан во мај 1989 година, ТВ Б92 почна со емитување програма во октомври 2000 гоина, а осум години покасно и каналот ТВ Б92 Инфо, додека пак Б92 Нет од 1996 е еден од најпопуларните интернет портали во регионот.
Извор: Poslovni.hr