Германскиот мултинационален бренд за прехрамбени производи Dr. Oetker ја избра агенција Adam & Eve/DDB од групацијата на Omnicom за своја нова глобална креативна агенција.
Одлуката доаѓа како резултат на ревизија на својот адвертајзинг договор, која компанијата ја започна во февруари годинава.
Adam & Eve/DDB ќе има задача да развие генерална бренд стратегија за германската компанија, како и да создава креативи за нејзините под-брендови на повеќе од 40 светски пазари.
Досегашната креативна агенција на компанијата, BBDO (исто така од групацијата на Omnicom), која го опслужува брендот веќе половина век, ќе продолжи да биде задолжена само за најголемиот пазар на Dr. Oetker – германскиот.
За меѓународна ПР агенција на компанијата е назначена FleishmanHillard, додека пак Design Bridge од групацијата на WPP ќе работи на дизајнот на производи на брендот.
Матичната компанија Dr August Oetker, која поседува повќе прехрамбени и алкохолни брендови, во 2020 година пријавила приход од 7.33 милијарди евра.