Британскиот национален радиодифузен сервис BBC ја лансираше својата нова Божиќна реклама која ќе се емитува преку нивните онлајн канали за време на празничниот период.
Едноставно насловена „Божиќ 2021“, рекламата го раскажува Божиќниот ден на две британски семејства – едното од Шкотска, а другото од Англија.
Краткиот филм го следи нивниот празничен ден од утрото и припремите пред доаѓањето на гостите, преку заедничкиот ручек, па сé до вечерта кога луѓето застануваат пред телевизор вклучен на BBC и полека потонуваат во сон.
На крајот откриваме дека Сара од Англија и Дарен од Шкотска се всушност заљубени и си посакуваат заеднички Божиќ следната 2022 година.
Рекламата е создадена од страна на in-house креативниот тим BBC Creative, со помош на продукциската куќа Outsider.