Британскиот бренд на брашно Wildfarmed ја лансираше својата нова кампања насловена “A Story About Bread” („Приказна за лебот“) со која сака да поттикне одржливо и одговорно одгледување на пченица и производство на леб.
Во фокусот на кампањата се наоѓа 8-минутен краток филм кој на еден забавен и фантастичен начин ја раскажува историјата на лебот, од древниот Египет, преку Француската револуција, до денес.
Меѓутоа, и покрај огромното значење на лебот за човештвото, одгледувањето на пченица и прозиводството за леб во последните децении се соочуваат со употреба на хемиски состојки кои имаат негативно влијание врз природата и здравјето на човекот.
Всушност, пораката на кампањата е дека фармерите и индустријата мора да почнат да водат поголема грижа за квалитетот на нивниот производ, додека пак потрошувачите мора да бидат прибирливи од кого купуваат брашно и леб. Нормално, Wildfarmed се поставуваат како еден од брендовите кој повеќе го вреднува квалитетот наспроти квантитетот, односно претставуваат безбеден избор за потрошувачите.
Брендот е во сопственост на англискиот музичар и диџеј Анди Като и радио и телевизискиот водител Џорџ Лемб.
Кампањата е создадена со помош на креативното продукциско студио Lemonade Money.