Една од најпознатите платформи за анализа на интернет сообраќај и рангирање на најпосетуваните веб-страници во светот, Alexa.com, оди во историјата – соопшти матичната компанија Amazon.
Alexa.com беше основана во 1996 година, а купена од страна на Amazon во 1999 година за цена од 250 милиони долари. Низ годините, таа се етаблираше како една од најпопуларните платформи за мерење на популарноста на интернет страниците ширум светот.
Но, 25 години, подоцна, Alexa.com пополека почна да ги гаси своите бесплатни функции, а целосно ќе престане со работа по 1. мај 2022 година.
Причината поради која од Amazon се одлучиле за ваков чекор е непозната, но од компанијата истакнуваат дека тоа била тешка одлука, истовремено заблагодарувајќи им се на своите корисници за довербата низ годините.