Можете да го отстраните херојот од серијата, но не и вредноста на добриот кардио тренинг .
Веќе во првата епизода од продолжението на популарната серија „Сексот и градот“ – – “And Just Like That…”, ликот кој ја игра улогата на Ѕверката умира додека се вози собен велосипед на компанијата „Pelaton“, што ги шокираше фановите на оваа серија и ја урна цената на акциите на компанијата за 11 отсто. Но, новата реклама на компанијата Пелатон, објавена само три дена по премиерата, го возвраќа ударот. Ѕверката е жив!
Рекламата која ја објави компанијата Pelaton, започнува со Крис Нот, кој го игра ликот на Ѕверката, како седи во романтична атмосфера пред камин со Џес Кинг, инструкторка и заштитно лице на компанијата, која исто така се појави во едно од продолженијата.
„Да се повозиме уште еднаш? „Животот е премногу краток за да се пропушти тоа“, вели Ѕверката, додека камерата се оддалечува и покажува два собни велосипеди од брендот Pelaton.
Во позадина се слуша гласот на Рајан Рејнолдс, кој ги наведува сите придобивки од возењето велосипед, како одржување на здравјето на срцето, белите дробови и циркулацијата и намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.
На крајот, Рејнолдс вели: „Тој е жив!“
Компанијата Pelaton имаше неверојатен пораст на продажбата за време на пандемијата, но бидејќи луѓето полека почнаа да се враќаат во нормала, продажбата на собни велосипеди и ленти за трчање падна за 17 проценти во последниот квартал, а овие два производи сочинуваат 60 проценти од нивниот бизнис.