Американскиот бренд на чипсови Lay’s пронајде повеќе начини како да ги искористи своите уникатни компири.
Во соработка со дестилеријата Eastside Distilling од Портланд, Lay’s создадоа вотка направена од истите компири од кои компанијата ги произведува своите познати чипсови.
Според Lay’s, нивните компири се посебни, развиени од врвни научници кои пред неколку години успеале да пораснат нов вид на компир кој е посув и позрнест од оние вообичаените што може да се купат во маркет.
Меѓутоа, од компанијата уверуваат дека вотката нема вкус на чипсови, туку чиста 40% вотка.
Производот е лимитиран на серија од 1,300 шишиња кои се продаваат онлајн по цена од 40 долари по шише.