Американскиот производител на автомобили Chevrolet го објави својот нов Божиќен спот насловен „Holiday Ride“ („Празнично возење“).
Емотивниот видео спот започнува со сцена во која еден повозрасен човек оди да го замени Божиќниот венец на својата гаража. Тој потоа влегува внатре и го гледа стариот автомобил 1966 Chevy Impala на својата сопруга, која повеќе ја нема. Човекот е преплавен со емоции.
Сето тоа го забележува неговата ќерка која одлучува скришум да го поправи автомобилот и да го врати во возна состојба. Една година подоцна, кога возрасниот маж оди да го повтори својот Божиќен ритуал, забележува дека веќе има нов венец. Потоа влегува внатре и го гледа реставрираниот автомобил.
Спотот завршува со емотивна сцена на во која таткото ѝ се заблагодарува на својата ќерка за „најдобриот Божиќен подарок“, по што двајцата и нивното куче одат на празнично возење.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција McCann, додека пак режисер на спотот е добитникот на Оскар, Том Хупер, познат по филмови како The King’s Speech и The Danish Girl.