Интернет форумот Reddit е една од најпопуларните дестинации во вртуелниот простор, каде луѓето секојдневно разменуваат стручни и помалку стручни мислења, забавни слики и видеа, како и генерално чудни работи.
Како и секоја година, така и оваа 2021, форумот го објави својот преглед на најпопуларните теми и објави кои ја одбележале годината во заминување. Од претседателски инаугурации, преку NFT, до кризи во синџирот на снабдување.
Видеото е проследено со оригинална песна од SNGL и Molly Moore, во која еден стих вика: “Is it going to get any weirder?” („Дали ќе стане уште почудно?“).
„Ви благодариме што сте тука, кога работите ќе станат чудни таму“ – е пораката со која Reddit го завршува својот преглед на 2021.
Спотот е создаден во сорботка со агенцијата R/GA.