Во пресрет на Божиќните празници, грчкиот ланец на маркети за играчки и домашен ентериер JUMBO лансираше кампања составена од два видео спотови.
Првиот од нив, насловен „Магичното ѕвонче“ ја раскажува приказната за едно момче кое доаѓа во посед на магично ѕвонче од еден од елените кои ја влечат санката на Дедо Мраз.
Ѕвончето со својата моќ успева да го прошири Божиќниот дух во целиот дом. Меѓутоа, потоа доаѓа еленот кој си го бара ѕвончето назад за да може да лета. Момчето на почетокот негодува и одбива, но евентуално доаѓа до компромисно решение во договор со Дедо Мраз.
Вториот спот е анимиран и насловен „Божиќниот бербер“. Во него се раскажува за едно семејство на JUMBO кеси кое работи во берберница. Како клиент им доаѓа Дедо Мраз, но кесите и не се најсјајни во својот занает, па по грешка отстрижуваат цел прамен од бујната брада на Дедо Мраз. Сепак, на крајот повторно се доаѓа до компромисно решение.
Кампањате е создадена со помош на агенцијата POLLEN од Грција.